април 26, 2017

Охрид, 26. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка кражба“, СВР Охрид поднесе кривична  пријава против 33-годишниот Н.Ј. од Охрид.

– Пријавениот, казненото дело го сторил на 23-ти јануари оваа година од куќа на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид. Тој, откако констатирал дека во куќата нема никој, со подесен алат ја отворил влезната врата и од дневната соба одзел еден саксофон марка „Селмер-Прелуде“ во црн куфер  во кој имало и усник за алт-саксофон марка „Јаганисава“ и еден кларинет Буфетерц“ во кафеав куфер, информираат од СВР Охрид.

Пријавениот Н.Ј. се стекнал со противправна имотна корист од 150.000 денари. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука