Киев, 05. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Украина има потреба од испораки на оружје од НАТО поради ескалација на конфликтот во источниот дел на земјата, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко во интервју за германскиот весник “Велт”.
Претседателот истакна дека Владата во Киев сака мир, но тој мора да биде бранет од силна армија, опремена со современо оружје.
Во меѓувреме, поранешниот премиер на Украина, Николај Азаров рече дека сегашната власт во Киев не е способна да ја прекине војната во источниот дел на земјата. (Крај)
извор: ОхридПрес/Ројтерс фото: архива
Прочитано: 20