март 2, 2020

Охрид, 2. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Кон средината на април минатата година беше реконструирана сообраќајницата која поминува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“ во Охрид.

Читатели на OhridPress кои живеат во овој дел на градот реагираат на тоа што во текот на ноќните часови улицата е комплетно неосветлена и претставува потенцијална опасност, посебно за помладите.

Image may contain: night, tree and outdoor

– Сакаат да го скратат патот, па наместо да вртат околу целата касарна, се движат по улицата која е комплетно неосветлена. Нема буквално ниту едно светло. Има многу дупки на патот, тука се и кучињата кои ги има во голем број. Нека се постават неколку светилки и доколку може да се изврши и најосновна санација на патот, реагираат во дописот до Супер радио и OhridPress.

Улицата, која е со должина од близу 500 метри, за време на реконструкцијата беше најавено дека ќе добие нова сигнализација и осветлување и дека видно ќе го растовари сообраќајот од населбите „Радојца Новичиќ“, „Долно Лакочереј“ , „Горно Лакочереј“ и „Орман“ кон централното градско подрачје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука