Охрид, 20. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес е понеделник, 20 февруари 2017 година, 51-от ден во годината.
Сонцето изгреа во 06:17, а ќе зајде во 17:17 часот. Денот ќе трае 11 часа.
Во утринските часови има умерено облачно време.
Попладне ќе има намалување на облачноста и претежно сончево време со локална облачност насекаде. Ќе дува доумерен северозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од -4 до 3 степени, додека пак максималната дневна температура во Охрид до 8 степени.
Утре ќе има постудено утро со утрински температури кои ќе се движат во интервал од -6 до 2 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со максимални температури од 6 до 14 степени. (Крај)
извор: Метео фото: архива