Охрид, 4. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид ќе се задржи умерено облачно и ветровито време.
Максималната температура ќе достигне 23 степени, а УВ индексот има вредност 6.
– Времето во наредните денови ќе биде променливо, а наутро доста посвежо. Дневните температури ќе бидат во постепено покачување, информираат од УХМР.
Температурата на водата во Охридското езеро е 22.5 степени, а нивото е 8 сантиметри над минимално дозволената кота. (Крај)
извор: Метео фото: архива
Прочитано: 19