август 9, 2019

Охрид, 9. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на 12-ти август, интернационалниот ден на млади, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организира денови на млади кои ќе бидат исполнети со низа активности.

Младите ќе можат да се едуцираат, да ги надградат своите капацитети и да се забавуваат.

– Во таа насока во периодот од 9-ти август до 11-ти август организираме летна школа на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на која што ќе земат учество над 100 млади лица при што ќе ги изградат своите капацитети и ќе научат повеќе за дипломатијата, ЕУ и организирањето. Во таа насока ќе емитуваме и исто така проекција на филм, традиционално ќе го организираме маршот на Беласица во чест на петте струмички студенти кои се убиени од комунистичкиот режим. Ќе се искачуваме до местото каде што се тие убиени. И исто така Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ќе се приклучи на акцијата „ретвитни оброк“. Денеска од тука во организација на Општинскиот комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид ќе го започнеме приклучувањето кон таа акција со тоа што ќе поделиме неколку десетици оброци на бездомните лица, а истото ќе се направи во повеќето општински комитети во Република Македонија. Имено на денот на 12-ти август на интернационалниот ден на студенти исто така ќе организираме дебата пред Спомен куќа на Мајка Тереза во Скопје за квалитетот на високото образование. Морам да напоменам за жал и оваа година во пресрет на интернационалниот ден на млади Република Македонија го дочекува со се помалку млади лица во Република Македонија. Имаме енормни иселувања на младите лица, имаме висока стапка на младинска невработеност во Европа, а се поголем број на млади купуваат карта во еден правец и ја напуштаат Република Македонија. За жал еве веќе трета година тече откако СДСМ е на власт немаме ниту еден проект реализиран од интерес на младиот човек. Затоа е потребно СДСМ што побрзо да си замине и да ја испратиме во историја на предвремени парламентарни избори, истакна Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука