Баку/Охрид, 4. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид нема да биде прогласен за загрозено подрачје. УНЕСКО дозволи дополнителен рок до февруари следната година.
Државава ќе добие уште неколку месеци за да ги исполни препораките на УНЕСКО за Охридскиот регион дадени во 2017 година. Земјава треба да добие дополнително време пред да се одлучува дали Охридскиот регион ќе добие статус „светско наследство во опасност.“
Од владината делегација на конференцијата во Баку, Азербејџан, нагласија дека дел од градбите се веќе стопирани, а дека интензивно се работи на сите останати забелешки кои претходно ги наведе УНЕСКО. (Крај)
извор: Фактор.мк фото: ОхридПрес
Прочитано: 31