Баку/Охрид, 5. јули 2019 (ОХРИДПРЕС) – Како што и вчера беше објавено неофицијално, УНЕСКО му даде уште една шанса на Охрид.
Одговорните имаат време до први февруари да ги исполни сите 19 препораки или во спротивно на следната сесија во јули ќе заврши на листата загрозени подрачја.
Одлуката беше донесена попладнево на сесијата во Баку и подразбира мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на езерото, уривање на дивоградбите, изработка на детална анализа за состојбите во регионот и ревиталзација на колекторскиот систем. Истите препораки важат и за албанската страна од езерото.
На сесијата во Баку повеќето земји учесници гласаа за да му се даде дополнителен рок на градот, иако сите се согласија дека властите стагнирале во исполнување на препораките за заштита на регионот.
По прогласувањето на одлуката свое обраќање имаше и министерот Едмонд Адеми кој е дел од владината делегација. Тој напомена дека претстојниот период многу поинтензивно ќе се работи на исполнување на задачите во заштитата на регионот и кон задржување на престижниот статус УНЕСКО.
– Првиот чекор е рушење на дивоградбите кои во Охрид ги има вкупно 1.076 дивоградби, од кои 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското Езеро, во потегот на националниот парк „Галичица“ и во стариот дел на градот. (Крај)
извор: 24вести фото: ОхридПрес