Битола/Охрид/Струга, 5. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Трета најдобра високообразовна институција во Република Македонија, според ранг листата на Шангајскиот универзитет, е Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид.
Вкупната оценка од можни 100 поени за универзитетот „Св. Апостол Павле“ е 94,5 поени. Оценката во однос на наставната дејност е 70,7, додека истражувачката дејност е со нешто подобар резултат од 79, 5.
На првото и второто место се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кој заостанува зад УКИМ за само три поени.
Битолскиот Универзитет во кој е Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, е на седмо место. Битолскиот универзитет „Св.Климент Охридски“, побара повлекување на ранг листата на Шангајскиот универзитет.
Последното рангирање на Универзитетите во Македонија се однесува на 2015 и 2016 година.
Меѓународниот Универзитет во Струга е на претпоследното 18-то место, со вкупни 47, 8 поени. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива