News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
октомври 22, 2024

Охрид, 22. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид денеска ќе ја одбележи 15-годишнина од своето основање, истовремено одбележувајќи го Патрониот ден на Универзитетот.

Настанот ќе се одржи во 12:00 часот, во амфитеатарот на Универзитетот, каде што ќе се прослават достигнувањата на нашата високо-образовна и научна институција. Ќе собере видни гости, професори и студенти, кои заедно ќе го одбележат овој важен јубилеј на Универзитетот, информираат од УИНТ „Св. Апостол Павле“ Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука