Феникс, 4. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите од универзитетот Северна Каролина се победници во НЦАА шампионатот откако во големото финале славес над универзитетот Гонзага со 71-66.
Екипата од Северна Каролина универзитетот за кој своевремено играше големиот Мајкл Џордан, беа посконцентрирани во самиот финиш, па по водството на противникот од 65-66 во последните две минути не примија ниту еден поен, стигнувајќи до шестиот трофеј.
Она што требаше да биде голем спектакл во колеџ кошарката пред 80.000 фанови сепак се покажа како разочарување, судиите го уништија шоуто.На социјалните мрежи има големи обвинувања дека судиите и помогнале на Северна Карлона или пак дека Гонзага е ограбена.
Џоел Бери беше најефикасен во редовите на победничкиот тим со 22 поени, а овој кошаркар вооедно го доби и признанието за МВП на фајналфор турнирот. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива