Охрид, 21. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на член 65 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14 и 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 и 89/22) и член 2 и 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина (Сл.весник на Република Македонија 147/08, 45/11), Министерството за животна средина и просторно планирање го дава следното известување.
Се известува заинтересираната јавност дека Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) донесе Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) (УП1—15-1205 од 10.06.2024 година) за плански документ Национална стратегија за управување со отпад (НСУО) (2024-2036) со што е отпочната процедура за стратегиска оцена на планскиот документ.
Нацрт СОЖС извештајот заедно со нацрт НСУО ќе бидат достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП и во просториите на МЖСПП, Сектор за отпад, секој ден од 08:00 до 16:00 часот во текот на периодот за јавен увид (19.08.2024 – 19.09.2024 година). Јавниот увид ќе трае 30 (триесет) денови од денот на објавувањето на соопштението.
Јавните расправи по Нацрт извештајот за стратегиска оцена ќе се одржат во општинската сала во Охрид, на 2-ри септември 2024 година, во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Документите се достапни на веб страницата на МЖСПП на македонски, албански и англиски јазик на следниот линк.
Сите коментари поврзани со нацрт извештајот за стратегиска оцена може да се достават на следниот начин: електронски на следната адреса: [email protected] (контакт лице Каранфилова Мазневска) или по пошта на следната адреса:
Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, Скопје, (со назнака до Сектор отпад)
M.Sc. Ana Karanfilova Maznevska
Head of Waste Management Department
Environmental Administration/Ministry of Environment and Physical Planning,
Republic of Macedonia
Address:Plostad Presveta Bogorodica, No. 3, 2nd floor
1000 Skopje
Mob.: ++389 75 35 94 84
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес