Скопје/Охрид, 18. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Управниот суд синоќа ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на парламентарните избори 2024 година.
Со одлуките на Управниот суд се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шестата изборна единица. Државната изборна комисија по претходно поднесени приговори утврди нерегуларности за текот на гласањето и броењето гласови во Желино, Битола, Струга, Охрид, Кичево, Крушево, Ресен, Демир Хисар и Долнени, на дел од овие избирачки места ќе има прегласување, што ќе значи и можност за различна распределба на мандатите од првичните официјални резултати во изборната единица пет. Во Изборната единица 5 беа прифатени приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Во Изборната единица 6 прифатен беше еден приговор за избирачкото место 2102 во Желино.
Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резулатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, односно на 22-ри мај. (Крај)
извор: МИА фото: Бриф