Скопје/Охрид, 5. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид има 1.401 дивоградби, а доколку општина Охрид одлучи да го урне мојот локал, тогаш ќе треба да урне уште многу други локали кои се наоѓаат до езерото, вели советникот на ДУИ, Нефи Усеини за ТВ21.
Неговата дивоградба кај Чинарот во Охрид предизвика интерес кај јавноста, но и поради неговото однесување откако беше обвинет дека нападнал инспектор, колега советник и кандидат за градоначалник и професор.
– Охрид има 1.401 дивоградби кои постојат веќе неколку години. Мојот локал има документација и не е нелегален, имам документи, вели Усеини.
Како што пренесува телевизијата, тој тврди дека „сите му се качиле на глава“ бидејќи тој е единствениот Албанец кој поседува локал во Охрид.
– Дивоградби има во близина на езерото, хотелите, рестораните, терасите… Јас сметам дека треба да има правда од општината. Државата нека презема мерки и да ги урне тие објекти кои се до езерото, кои го загрозуваат градот Охрид со исклучување од УНЕСКО, вели Усеини. (Крај)
извор: Тв21 фото: архива