јуни 8, 2017

Охрид, 8. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ансамблот „Филиграни“ имаше успешно претставување на второто издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Џивџан фест“ во Врњачка бања, Србија.

Фестивалот се одржа од 26-ти до 28-ми мај. Нашите играорци успеаа да се пласираат и во финалето на фестивалот.

filigrani3

 

filigrani2

Ова беше уште една успешна турнеја на ансамблот, со заеднички сили првиот состав и ветераните го претставија македонскиот фолклор и традиција.

Она што ги очекува во периодот кој претстои се подготовките околу Меѓународниот фолклорен фестивал „Разиграно оро“, кој се одржува во Охрид кон крајот на јуни или почетокот на јули, а организатор е Ансамблот „Филиграни“. (Крај)

извор: ОхридПрес   фото: Ансамбл “Филиграни“

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука