октомври 24, 2019

Охрид, 24. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Уште едно успешно гостување за градскиот мешан хор „Вокс Лихнидос“.

Овојпат настапија во Врњачка бања, се претставија пред српската публика на хорскиот концерт насловен „Istočnik živonosni”.

Бројната публика уживаше во изведбата на духовни, традиционални и современи композиции, а хористите пееја под диригентската палка на Бурим Хидри.

Како изненадување за присутните, хористите на „Вокс Лихнидос“ ја изведоа познатата македонска песна „Елено ќерко“, што предизвика овации.

Покрај настапот, за хористите беше организирано и разгледување на најзначајните обележја на Врњачка бања, заедно со домашниот хор „Абрашевиќ“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука