Струга, 17. август 2023 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во Струга на ракометното игралиште „Горан Попоски Бабец“ свечено беше отворено 51. издание на Струшкиот ракометен турнир.
Вардар, кој досега има освоено 13 титули на турнирот, ги совлада домаќините со 29:17, додека Алкалоид беше подобар од Димано Панчево од Србија, со резултат 27:23.
Денеска на програмата се исто така два натпревари. Од 18:30 часот играат АЕК Атина од Грција и Динамо Панчево од Србија, додека од 20:30 часот Ескилстуна Гуиф од Шведска и Струга.
Натпреварите ќе може да се следат на МРТ3 сервисот и на YouTube во живо. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 35