Струмица, 2. март 2014 (ОХРИДПРЕС) – Дванаесетгодишната струмичанка Мартина Стојковска, по десетневниот престој во болницата „Аџибадем“ во Истанбул, Турција и успешната операција, се врати во родната Струмица, јави Струмица нет.
Мартина има сколиоза, која брзо напредуваше и за пет години е констатирано искривување на р’бетниот столб од 28 на 120 степени.
Цели 7 часа, стручен тим од врвни лекари вршеле хируршка интервенција на р’бетниот столб на Мартина, и според информациите од нејзината мајка и кажувањата на лекарите, операцијата иако тешка, сепак успешно завршила. Следува сега период на рехабилитација и закрепнување.
Мајката на Мартина, од името на целото семејство Стојковски, упати голема благодарност до сите, кои на кој било начин помогнаа за Мартина отиде на операција во Турција. (Крај)
извор: Плус Инфо фото: архива