Охрид, 24. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Викендов Охрид беше домаќин на 8-то државно првенство во Кендо.Настанот се одржа во салата на екомонското училиште Св.Кирил и Методиј.
На првенството учество зедоа пиониери,младинци и сениори во машка и женска конкуренција од целата земја.Во јуниорска конкуренција охриѓаните Петар Јолакоски и Кирил Наумоски го освоија второто односно третото место.
8-то државно првество на Македонија во Кендо е во организација на клубот Кендо Доџо “Теншин” од Oхрид.
Резултати од Државното првенство во Кендо, Охрид 2015
Пионери:
1. Олег Бичковски
2. Александар Кесковски
3. Никола Ташков
Јуниори:
1. Олег Бичковски
2. Петар Јолаковски
3. Кирил Наумоски
3. Александар Кесковски
Сениори ( жени ):
1. Марија Манасиевска
2. Катерина Мисиркова
3. Ивана Блажеска
Сениори:
1. Владимир Кесковски
2. Матеј Ивановски
3. Матеј Јошевски
3. Илија Андреевски
Борбен дух: Ѓоко Томоски и Дарко Велковски.(Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива