Струга, 4. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Струшките пензионери постигнаа солидни резултати на 22-те Републички спортски игри за пензионери во пикадо и шах, кои се одржаа во Кочани.
Во конкуренција од над 500 учесницим Здружението на пензионери од Струга освои едно второ место шах –жени и две трети места во шах и пикадо – мажи.
Пензионерката Шенка Балтоска беше прогласена за најдобар играч на прва табла шах за жени. За сите учесници беа обезбедени медали. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Стојан Кукунешоски
Прочитано: 39