Охрид, 1. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Околку 1.000 евра се собрани во синоќешната голема хуманитарна забава која се одржа во клубот „Арена“ во Охрид.
Ова е само продолжување на акциите кои охриѓани секојдневно ги организираат за помош на Трајан Целески – Тачо, 30 годишен охриѓанец, истакнат атлетичар и спортист.
Пред 2 години тој се избори со туморот на мозокот, но болеста повторно се врати. Треба да замине на лекување на 30.11.2019 година, поради критичната состојба. Можете да донирате и на трансакциската сметка во Стопанска банка со број 500600018999581. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28