Скопје, 30. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Пратениците Џевад Адеми, Хазби Лика, Рафис Алити и Зулфи Адили велат дека нема да гласаат за предложените измени на Уставот бидејќи тие не биле дел од програмата на ДУИ.
Според пратеникот Џевад Адеми, Уставот треба да се смени, но само во делот како да се избира претседателот и тоа е единствената измена кои тие било кога би ја гласале. За промената на своите ставови пратениците го информирале и раководството на ДУИ. Иако уставните измени веќе беа договорени помеѓу двете владејачки партии, новата ситуација ја одложува седницата за гласање за измените веројатно дури за во јуни бидејќи без овие пратеници власта го нема двотретинското мнозинство.
Опозицијата е надвор од парламентот, а ДПА, исто така, нема да гласа за измените во Уставот. (Крај)
извор: ОхридПрес/Нова ТВ фото: архива