Софија, 5. март 2015 (ИНПРЕС) – Утревечер уметниците Зоран Мише и Павел Целкоски од Охрид, ќе се претстават со свои дела, графики во рамките на најавениот настан, Ликовната концепција иницирана од Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија.
После успешното претставување претходниот месец во Софија, продолжува со серијата изложби низ повеќе градови во Бугарија. Во рамките на својот 10 годишен Јубилеј, нашиот Центар во соработка со Друштвото на ликовните уметници од Русе, а во рамките на нивниот 70 годишен Јубилеј, организира изложба на 9 македонски ликовни уметници, кои се составен дел од концепцијата „Конекција 2“.
Зоран Мише и Павел Целкоски се едни од најактивните охридски уметници во странство, кои моментално живеат и работат во Бугарија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива