Охрид, 23. февруари 2024 (ОХРИДРПЕС) – По повод Светскиот ден на туристичките водичи, Македонската Асоцијација на туристички водичи и придружници утре организира бесплатен разглед на Охрид, Скопје и Битола.
– Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно историските знаменитости може да присуствуваат. Во сабота Ве покануваме на една убава дружба со што ќе го одбележиме денот на туристички водичи, велат од асоцијацијата.
Оттаму додаваат дека турата низ Охрид е од 12:00 часот, со почетна точка Градскиот плоштад, а водич ќе биде Љупчо Јузмески. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 43