Охрид, 18. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Утре во просториите на Факултетот за туризам и угостителство Охрид ќе се одржи Визитинг предавање, во рамките на проектот ФТУ – Охрид во рамките на меѓународната соработка.
Предавањето ќе го изведат претставници на Факултет за туризам и Одделението за Економијата и туризмот во Полска. Пред студентите и заинтересираните ќе се обратат: Д-р Јоана Херник од Полска, потоа претставник на програмата Еразмус од факултетот во Охрид, претставници на факултетот за економија од Полска и Западниот Померански Универзитет за технологија од Полска. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23