Охрид/Струга, 12. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Македонската развојна фондација за претпријатија организира промоцијата на две видеа реклами посветени на алтернативниот туризам во Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца во Македонија и во регионите на Корча и Поградец во Албанија.
Презентацијата ќе се одржи утре во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје. Видеата се однесуваат на идентификуваните туристички продукти за алтернативен туризам во регионите.
Двете видеа се дел од проектот „Кон алтернативен туризам“ што го спроведува МРФП во партнерство со Локалната агенција за развој од Струга и Партнерс Албанија од Тирана. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија како дел од третиот повик на ИПА прекуграничната програма за Македонија и Албанија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива