News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
ноември 24, 2024

Охрид, 24. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утре е голем празник за православните верници кои го слават Свети Јован Милостив – светецот на добрината.

Јован е роден на Кипар, а неговите родители го воспитале како христијанин уште од најрана возраст. Името Милостив го добил поради неговата блага природа и неговото инсистирање да се забрани прогонството на оние кои не се христијани. За време на неговиот десетгодишен престој во Александрија, строго го казнил секое прогонство на еретиците и нехристијаните. Тој тврдеше дека Бог ќе им суди и дека ние на земјата „мора да ги прифатиме луѓето какви што се“.

– Ако сакаш благодат, не барај ја во нечија крв, туку во неговата добрина, бидејќи добрината е единствената благодат, рече Јован Милостив, нагласувајќи дека луѓето не треба да се делат по нација, раса и вера.

Јован Милостив го одбележуваат сите христијански цркви и го сметаат за светец на добрината. Затоа, се верува дека на тој ден треба да бидете милосрдни кон секој кој ќе побара помош од вас. Ако сте во расправија со некого или се лутите на некој што ви згрешил, простете. Се верува дека кој ќе прости, ќе му се врати повеќекратниот просперитет и среќа. Постои и верување кое налага да се излезе надвор на полноќ, да се погледне во небото и да се замисли желба која треба да биде поврзана со среќата и се верува дека ќе се оствари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука