Охрид, 13. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод празникот посветен на Светите безсребреници Козма и Дамјан, во храмот „Свети Козма и Дамјан – Свети Врачи“ во Варош, денеска ќе се служи Вечерна Богослужба со почеток во 16:00 часот.
Утре, со почеток во 07:30 часот ќе биде отслужена Празнична Утрена Богослужба и Света Литургија.
Светите Кузман и Дамјан биле лекари, бесребреници и чудотворци. Тие биле браќа родени во Азија, од непобожен татко и мајка христијанка. Таткото им умрел додека биле деца, а мајка им ги одгледала во христијанскиот дух. Од Господ добиле дар за исцелување на разни болести, и како што тој дар го добиле бесплатно и самите бесплатно ги лечеле луѓето, па затоа и луѓето им го дале името бесребреници. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива