Охрид, 13. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани утре ќе го одбележат денот посветен на Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски.
Свети Василиј е роден во времето на царот Константин. Уште како некрстен петнаесет години во Атина ги изучуваше философијата, реториката, астрономијата и сите други светски науки на она време. Школски другари му беа Св. Григориј Богослов и Јулијан, подоцна цар отстапник.
Во зрелите години се крсти на реката Јордан заедно со својот поранешен учител Евул. Беше епископ на Кесарија Кападокиска речиси десет години, а својот земен живот го заврши кога наполни педесет години од раѓањето. Голем поборник на Православието, голем зрак на морална чистота и набожна ревност, голем богословски ум, голем устроител и столб на Божјата Црква – Василиј се нарекува Велики со полна заслужност.
Во црковните богослужби најчесто е нарекуван пчела на Црквата Христова, која им дава мед на верните и осило на еретиците. Сочувани се многубројни дела на овој отец на Црквата: апологетски, богословски, подвижнички и канонски; и литургија наречена според неговото име. Василиевата литургија се служи десет пати во годината, и тоа: на 1 јануари, наспроти Божик, на Велики Четврток и на Велика Сабота. Свети Василиј се упокои мирно на 1 јануари 379 година, кога се пресели во Царството на својот Господ Преданието за „Василопитата” или лебот на свети Василиј Велики Во времето кога Божјиот угодник свети Василиј Велики (330-379) стана Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој беше многу алчен и груб човек, имаше обичај редовно да доаѓа со својата војска и да го ограбува градот.
Се верува дека на денот на Свети Василиј Велики треба да се направат овие 3 работи:
1. Кавга не е дозволена, бидејќи се верува дека овие луѓе ќе ги следи малер цела година. Исто така, внимавајте никој да не ве измами.
2. На овој ден се гори остатокот од елката
3. Се меси Василица, обредниот леб што се крши на денот на Свети Василиј Велики.
Во литургискиот календар на МПЦ овие празници се обележани со црвена буква како заповеди од големо значење за православната христијанска црква.
Според историската и црковната традиција, Свети Василиј се упокоил во 379 година, на 50-годишна возраст. (Крај)
извор: mpc.org.mk фото: архива