Охрид, 4. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Охрид започнува традиционалната културна манифестација Прличеви беседи.
Манифестацијата ќе биде отворена во 11:45 часот со Изложба на фотографии од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев” Охрид.
Точно напладне започнува Свеченоста посветена на лауреатот на наградата.
По обраќањето на директорот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, Горан Стојаноски, ќе биде претставена наградената поема за 2014 година „Амбар“ од Славе Банар. Артистичка изведба на поемата ќе имаат актерите Билјана Билаловиќ и Павел Маслов.
На годинешниот лауреат ќе му биде врачена Повелбата за најдобра поема за 2014 година, п што лауреатот Славе Банар ќе се обрати до публиката. Ќе биде објавен и Конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2015 година.
Манифестацијата ќе ја заокружи настап на хорот при Центарот за култура со изведба на традиционалната песна „1762 лето“.
Свеченоста ќе се одржи во Малата сала на центарот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива