јануари 16, 2017

Охрид, 16. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Oд утре до 19-ти јануари  во „Куќата на Уранија“ во Охрид ќе се одржи петтата Меѓународна конфереција за културно наследство, туризам и медиуми.

Конференцијата е во организација на Институтот за Социо-културна антропологија на Македонија и партнерите Универзитетот „Евро-Балкан“ од Скопје, Селџук Универзитетот од Конија (Република Турција), како и организацијата „Мирас“ од Баку (Република Азербеџан).

Темата на овогодишната меѓународна конференција е „Светот што бега, течната модерност и преобликување на културните идентитеи, наследство, економијата, туризмот и медиумите“.

Ќе учествуваат 57 учесници од 11 земји со свои излагања од истружувањата и сознанијата во областа на антропологијата, етнологијата, социологијата, политичките науки, економијата, туризмологијата, комуникологијата, археологијата, историјата, историјатана уметност, филогијата, литературата, етномузкилогијата, архитектурата, музеологијата, педагогијата, информатичките науки, псхилогијата, како и интердициплинарните помошни науки.

Конференцијата е поддржана од Македонската Академија на Науките и Уметностите, Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, и од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука