февруари 13, 2015

Скопје, 13. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Скопје ќе се одржи Марш за правата на децата и возрасните со посебни потреби.

Маршот ќе биде со почеток во 5 минути до 12 часот пред Порта Македонија.

– Во 13:00 ќе ке тргнеме пред Владата каде што мирно и достоинствено ќе го прочитаме пред медиумите она што навистина треба да се спроведе од страна на некои министерства како лицата со посебни потреби би ги добиле своите загарантирани со закон и меѓународни конвенции кои Македонија ги има потпишано права, повикуваат организаторите.

Од организациониот одбор на маршот повикуваат на мир и достоинство. Тие бараат маршот да помине без навреди против било кого, искажани преку глас или со употреба на транспарент.

– Недолично однесување и упатување на навреди, би значело злоупотреба на нашиот мирен марш за правата на лицата со посебни потреби, додаваат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука