Скопје, 9. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре ќе продолжи да објавува снимки од прислушуваните разговори на високи државни службеници, а кои се однесуваат на изборите и изборните нерегуларности, соопшти партијата.
Според шефот на партијата Зоран Заев, утре ќе се објават најстрашните детали од изборните нерегуларности.
Во петокот на 6 март СДСМ објави само дел од снимките што се однесуваат на последните два-три изборни циклуси.
Утре објавувањето на снимките е замислено како еден вид на трибина во Универзална сала, соопштува СДСМ. (Крај)
извор: Mkd.mk фото: архива
Прочитано: 26