Охрид, 30. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утре се навршуваат 730 дена или полни две години од победата на изборите на новиот градоначалник на Охрид, д-р Кирил Пецаков од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Во коментарот ќе читате за повеќе теми кои го одбележаа овој период, меѓу кои и за:
– Булеварот „Македонски просветители“ – една од најголемите забелешки на охриѓани…
– Катните гаражи и понатаму остануваат еден од најскапите зборови во Охрид…
– Периодов наназад опозицијата пропушти бројни пенали и можности да шутираат на празен гол. Ако вака продолжат, уште долго нема да имаат противотров за „отровот“ наречен „Пецаков“…
– Во Охрид летово фестивал или концерт не организираше само едно лице, ама само поради тоа што се брзаше за на автобус…
– Секои четири години големите чичковци кои од сенка ја играат главната игра ни доставуваат список со други чичковци од кои потоа ние полнолетниве, искапени, избричени и со најновото оделце некоја недела гласаме и бираме еден или повеќе…
Некои тоа го викаат избори…
За ова и многу повеќе, утре, 31-ви октомври 2023 година, на 2. годишнината од прогласувањето на изборната победа на градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес