Охрид, 27. август 2024 (ОХРИДПРЕС) – По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, утре, среда, 28-ми август 2024 година, Општина Охрид организира превоз до селото Скребатно каде е големиот верски храм посветен на Богородица Пречиста.
– Тргнувањето е во 08:30 часот од пред седиштето на Шпаркасе Банка на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец. Враќањето за назад е во 16:30 часот. Превозот ќе го врши компанијата „Бале турс“, информираат од Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 171