април 24, 2017

Охрид, 24. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре напладне во Големата сала на Општина Охрид ќе се одржи повторна стручна расправа за измени и дополнувања на Генерален урбанистички план за град Охрид.

Планот ги содржи опфатите: Урбана заедница 2, урбан блок 2.2; 2.4, потоа УЗ 5 — 5.2 и 5.4; за Урбана заедница 9, урбан блок 9.1 и 9.3, УЗ 12 — 12.2; УЗ 13, УБ 13.2 и УЗ 17 — УБ 17.1.

Предлог планот за планскиот период 2014 — 2024 година, Општина Охрид повторно го става на стручна расправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука