ноември 20, 2023

Охрид/Струга, 20. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На подрачјето на Охрид и Струга, утре ќе биде на сила посебен сообраќаен режим поради посетата на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај.

– За таа цел, граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците, апелираат од Секторот за внатрешни работи Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука