Охрид, 10. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре во Амфитеатарот на Факултетот за туризам и угостителство ќе се одржи предавање „Откритието за Босанските Пирамиди“ со проф. Д-р Семир Османагиќ.
Се очекува предавањето да предизвика голем интерес. Настанот ќе се одржи во Амфитеатарот на Факултетот за Туризам и Угостителство со почеток од 16 часот.
Влезот за посетителите е слободен.
Откритието за Босанските Пирамиди ја менува европската и светската историја засекогаш. За време на предавањето Др. Семир Османагиќ ќе ги претстави новите откритија во врска со истражувања и енергетските мерења направени на врвот на Пирамидите и во подземниот лавиринт на тунели, од страна на признатите руски научници и академици, Проф Др. Коротков и Проф. Др. Смирнов.
Пирамидите се присутни на сите континенти во светот и многу независни истражувачи го имаат докажано тоа користејќи ги најновите сателитски, георадарски и геотермални инструменти и методи.
Др. Семир Османагиќ е човек кој што ги има истражувано пирамидите во Перу, Хондурас, Мексико, Салвадор, Боливија, Кина, Маурициус, Гватемала и многу други земји во светот. Во 2005-та година ги открива Босанските Пирамиди во Високо, поради што е примен во Руската Академија на Природни Науки како најмлад член на таа институција во која се наоѓаат и неколку десетина истакнати добитници на Нобеловата награда. После потврдата од страна на истакнати египетски научници за постоењето на Пирамидите во Босна, тој патува низ целиот свет и предава за Босанските Пирамиди. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива