мај 22, 2017

Охрид, 22. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ ги известуваат корисниците дека утре, 23 мај, ќе има прекин во водоснабдувањето на неколку улици.

Без вода ќе останат улица „Кеј Македонија“ и „Јане Сандански“ од пресекот со ул. „Партизанска“ кон „Кеј Македонија“.

Прекинот во водоснабдувањето ќе биде во период од 08.00ч до 14.00ч. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука