Охрид, 27. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Утре на патниот правец Охрид – Кичево, на потегот меѓу Врбјани и Пресека, заради минирање, сообраќајот ќе биде во прекин од 13:00 – 14:00 часот.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони. (Крај)
извор: АМСМ фото: архива
Прочитано: 25