Охрид, 14 февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Утре од 10:00 часот во инфо центарот на НП „Галичица“ ќе се одржи работилница насловена „Билки пријателки“.
Наменета е за ученици од петто до деветто одделение, а ќе имаат можност да се запознаат со видовите лековити растенија што може да се сретнат на Галичица и зошто толку се значајни микробилките, како се одгледуваат и како се консумираат.
– Во овие студени денови ова е одличен момент да им посветиме внимание на растенијата, особено на оние со лековито дејство, кои ни се најдобри пријатели во текот на зимата и често ги консумираме, но и за растенијата наречени микробилки, кои се во првата фаза од растот и развојот, велат од установата.
Предавачи ќе бидат Ангела Тасеска, соработник за еколошка едукација и Сања Бачевски, дипломиран инженер по хортикултура. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива