март 21, 2017

Охрид, 21. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Иако се стабилизираше нивото на Охридското Езеро, сепак и понатаму голем предизвик останува неговото зачувување како значаен еко-систем.

Експерти во изминатите години при проучувањето на староста на езерото, укажуваа дека во иднина, овој природен воден басен ќе биде главен извор на снабдување со вода за пиење на цел регион.

ezero

Утре ќе се одбележи Светскиот ден на водите, под закрила на Генералното собрание на Обединетите Нации. UN-Water, субјектот кој ја координира работата на ОН за вода и канализација, секоја година на 22 март со разновидни активности го одбележува овој ден ширум светот. Светскиот ден на водата датира од 1992 година. Секоја година се одбира тема која одговара на сегашниот или идниот предизвик. Кампањата за ангажман е координирана од една или повеќе членки на UN-Water, поврзано со мандатот.

ezero

Околу половина од работниците во светот, 1,5 милијарда луѓе работат во сектори поврзани со водата и речиси сите работи зависат од водата или се поврзани со нејзина достава. Сепак, милиони луѓе чија работа е директно поврзана со вода често не ги уживаат работничките права. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука