Охрид, 19. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Утре, на верскиот празник Свети Јован Крстител, 20 јануари, во Охрид традиционално ќе биде одбележан Денот на рибарите.
Според кажувањата на старите жители на градот, тибарите се капеле на овој ден за да ја покажат нивната приврзаност кон езерото.
Настанот ќе започне во 12:00 часот на месноста „Сараиште“.
Посетителите и гостите ќе бидат послужени со топла ракија, виното, пача, пржени плашици и секако неодминливиот специјалитет – рибна чорба.
Во подготвувањето на рибната чорба ќе учествуваат студенти од Факултетот за туризам и угостителство.
Ќе има староградска музика со членовите на ансамбл „Билјана – Јуниор“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 21