јануари 3, 2018

Вевчани, 3. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вевчанци се подготвуваат за традиционалниот карневал, кој ќе се одржува од 12-ти до 14-ти јануари.

Утре на прес конференција во ресторан „Пелистер“ во Скопје ќе биде обелоденета програмата и гостите кои ќе настапуваат на овој театар на оторено, еден од најголемите и најуникатни културни настани во нашата земја.

karneval1

Вевчанскиот карневал кој според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски.

И годинава ќе ги има традиционалните маски „зет и невеста“, „Глупавиот Август“ и музичарите, а секако и маските со кои се жигосуваат појавите и личностите од општествениот живот.

За времетраењето на карневалот, вевчанци од целиот свет се прибираат дома за да учествуваат во оваа претстава на отворено, во која има место за секој добронамерник со карневалски дух. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука