Брежани, 29. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Утре ќе биде отворена Планинската куќа во селото Брежани, општина Дебрца.
Реконструкцијата на старата училишна зграда во селото и нејзина адаптација во Планинска куќа е реализирана во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија преку програмата за прекугранична соработка со Албанија.
Проектот е реализиран од страна на Црвен крст Охрид во партнерство со општините Дебрца од Република Македонија и Грамш од Република Албанија, како и Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид.
Планинската куќа Брежани располага со 10 легла, тоалети, кујна и заеднички простории. Очекувањата се дека овој објект ќе придонесе за развојот на авантуристичкиот туризам во овој регион и дека ќе биде поттик за понатамошни заложби за инвестиции во авантуристчкиот туризам. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива