Охрид/Белчишта, 16. октомври 2024 (ОХРИДПРЕС) – Утре напладне во зградата на Општина Дебрца, во селото Белчишта, ќе биде свечено отворен Изложбениот центар за Белчишкото блато.
– Општина Дебрца и Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016 Охрид“ работеа долги години на истражување и валоризација на Белчишкото Блато. После долги години труд и посветено работење, чест и задоволство ни е да ви го испрезентираме сработеното. Креираме вредности кои ќе ги поттикнат младите и локалното население да земат активна улога во заштитување на овој прекрасен предел и да придонесат кон подобрување на своите заедници, посочуваат организаторите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 121