Охрид, 6. август 2019 (ОХРИДПРЕС) – Комисијата за избор на најдобар расказ утре ќе го објави добитникот на годинешната награда на Конкурсот за најдобар расказ по повод културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.
Шифрата на добитникот ќе ја обелодени Комисијата во состав: проф. д-р Кристина Николоска, проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во малата сала на Општина Охрид со почеток во 10.00 часот.
Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 15