Охрид, 26. јуни 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од општина Охрид ги известуваат пчеларите дека утре, во периодот од 21:00 до 06:00 часот ќе се спроведе теристичка дезинсекција за уништување на комарци.
Ќе се третира крајбрежјето, на потегот од селото Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид и потегот на реките Грашница и Коселска Река. Пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветни мерки за заштита на пчелите.
Денес ваква акција ќе се спроведе во Струга. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23