јануари 22, 2017

Охрид, 22. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Утринската температура ќе се движи од -14 до -4, а дневната од -3 до 6 степени.

Во Охрид утринската температура ќе се спушти до -5, а дневната ќе се искачи до 4 степени.

Утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури. До крајот на следната работна недела дневните температури ќе бидат во опаѓање. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука