Охрид, 23. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово дедо Мраз „пристигна“ на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.
Станува збор за групен пречек на Дедо мраз кој Општина Охрид го организираше во соработка со ТАВ Македонија, за децата од претшколска возраст од детската градинка „Јасна Ристеска“. Настанот е дел и од поширокиот проект за прослава на Нова година во Охрид – „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“.
По пристигнувањето на Дедо Мраз на децата им беа поделени новогодишни пакетчиња. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 33